Неколку инвестициски банки од Италија изразиле особен интерес за условите кои ги нуди Македонија, а добиените информации ќе ги проследат до своите клиенти со цел да ја претстават и промовираат нашата земја како поволна бизнис дестинација. Ова се резултатите од инвестицискиот форум кој вчера се одржа во Милано. Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски компанија од автомобилската индустрија која е заинтересирана за инвестиции, односно проширување на сопствените капацитети, најавила посета на Македонија на почетокот на наредната година, со што претставува трета италијанска компанија која пројави особен интерес и работна посета на нашата земја.
Неколку инвестициски банки од Италија изразиле особен интерес за условите кои ги нуди Македонија, а добиените информации ќе ги проследат до своите клиенти со цел да ја претстават и промовираат нашата земја како поволна бизнис дестинација. Ова се резултатите од инвестицискиот форум кој вчера се одржа во Милано.
Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски компанија од автомобилската индустрија која е заинтересирана за инвестиции, односно проширување на сопствените капацитети, најавила посета на Македонија на почетокот на наредната година, со што претставува трета италијанска компанија која пројави особен интерес и работна посета на нашата земја. Во делегацијата којашто ја предводи вицепремиерот Пешевски се и министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, амбасадорот на Република Македонија во Рим, Велибор Топалоски и економскиот промотор Иван Илиев. Форумот е организиран во соработка со Италијанската трговска организација (ИЦЕ Милано) и Американска стопанска комора во Италија (АмЦхам Италиа).
На форумот, на кој присуствуваа претставници на над 60 компании, вицепремиерот Пешевски, заедно со членовите на делегацијата ги презентира достигнувањата на Република Македонија во однос на креирањето на поволна бизнис-клима, мерките и реформите кои резултираа со привлекување на повеќе значајни инвеститори како и фактот дека Македонија во континуитет го подобрува деловното опкружување.
За време на форумот беа одржани и индивидуални средби со претставници на компании од повеќе сектори и индустрии вклучувајќи ги секторите од автомобилската индустрија, секторот за градежништво, банкарскиот и енергетскиот сектор.